Анѓушев: Цената на струјата ќе беше повисока, ако се наплаќаше според пазарните услови

од Берта Китинска
258 прегледи

Покоачувањето на сметките нa нешто под 10 проценти на електричната енергија е некое минимално покачување коешто се случи со помош на големи субвенции од страна на државата за да ги заштити домаќинствата, вели во „Тема на денот“ , на Сител поранешниот вицепремиер за економски прашања д-р Кочо Анѓушев.

Тој објаснува дека покачувањето на струјата било неизбежно и дека ова покачување е на ивица на издржливост на Буџетот.

-Владата го направи она што сите влди мораа да го направат, таа се обиде да го заштити граѓанството, практично ние ја делиме судбината на цела Европа заначи енергетската криза, јас повеќе сакама да ја нарекувам финансиска затоашто енергетска е кога немате струја, сега таа струја е скапа, а кризата е во цената.Доколку се оставеше цената да се плаќа според пазарните услови во тој случај цената ќе беше повисока, вели Анѓушев.

Слични содржини