Анѓушев за Канал 77: Каква и да е одредница на името, за мене е прифатлива

од desk2
87 прегледи

Прашањето со името треба да се реши. Северна, Горна или Нова Македонија, за тоа народот треба да си каже. За мене Северна, Горна и Нова е прифатливо – изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во саботното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Решавањето на името е на надворешната политика на Република Македонија но и внатрешно прашање. Тоа се поврзува и со економијата, бидејќи ако сакате економски просперитет вие морате прво и основно покрај економски мерки да имате и владеење на правото и да имате стабилна политичка состојба, а за стабилна политичка состојба. Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Сите предуслови за да тоа можете да го направете е да најдете решение и компромис за името. Јас сакам и сум свесен дека тоа мора да се реши. Оваа Влада има капацитет и отвореност да разговара на оваа тема, гледаме дека има позитивни сигнали и меѓународната заедница, вклучително и од грчката страна. Она што сакам да го кажам е дека црвената линија која што не треба да се попушти е идентитетот, македонскиот идентитет, јазикот и т.н и дека за името треба да направиме една одредница којашто ќе биде интернационално прифатливо. Значи јас сум на мислење дека треба да се реши тоа прашање. Северна Горна или Нова македонија,тоа народот ќе си каже. За мене и Севернa и Горна и Нова е прифатливо“, рече Анѓушев.