Анима мунди досега испратило 101 пријава до АХВ за неодговорно сопствеништво

од Nikola Popovski
162 прегледи

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ информира дека досега имало 101 пријавен случај до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за неодговорно сопствеништво.

-Содржината на претставката која беше испратена од наша страна до нив на 12.12.2022 година ги има сите елементи на неодговорно сопствеништво, неконтролирано размножување, буквално мачење и малтретирање на 3 кила куче зиме и лете. Само во оваа бесправна држава каде што институционални паразити се оние кои треба да ја спроведуваат правдата за животните куче со микрочип чиј сопственик живее во Бутел може да биде чувано на јавна површина во Ново Лисиче повеќе од година дена и истото за Агенцијата за храна и ветеринарство да е неосновано за постапка бидејќи било базирано на претпоставка. Кучето во наведениот случај со законски сопственик повеќе од една година е чувано на јавна површина во импровизирана куќарка, се храни од канти за отпадоци и истовремено размножувано со расни кучиња, велат од здружението.

Од таму додаваат дека до нивната адреса пристигнал одговор во кој се наведува дека Агенцијата за храна и ветеринарство нема да постапува по наводите на претставката бидејќи истите биле базирани на претпоставка.

Од кога претпоставка е пријава која ги содржи сите елементи на кршење на закон за одговорно сопствеништво и прилог податоци за сопственикот, слики од состојбта на кучето и околината во која е чувано каде што е јасно дека не е приватен имот? Дали претставките кон активистите содржеа повеќе елементи и докази за неодговорност па затоа бевте толку ажурни во нивното постапување? Труло општество со уште повеќе трули институции резултира со илјадници бездомни животни по улиците комплетно нарушувајќи ја нивната благосостојба од страна на неодговорни сопственици, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните и единствените инспектори со надлежност за постапување во вакви случаеви се незаинтересирани за спроведување правда. Следниот пат кога ке видите бездомно животно се надеваме дека вашиот прст ке знаете каде да го вперите, стои во соопштението од „Анима мунди“.

Слични содржини