Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ се е згрозени, но не и изненадени од трагичната смрт на трите коњи во Зоолошка градина Скопје. Ја осудуваат институцијата, за која што велат дека низ годините единствено што докажа е некомпетентност да одржува во живот животни чие место не е позади решетки.
Порачуваат дека е неприфатливо исклучително ретки животни на раб на истребување, безумно завршат во субстандардна зоолошка во Македонија, која патем го загуби и кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА).
Велат дека „добиле индиции за тоа дека во ЗОО Скопје работи таков кадар, што е можно и самиот да ги убил, отрул животните“.
„Анима мунди“ објави неколку барања:
– Бараме итно да се вештачат снимките од сите камери во ЗОО Скопје, доколку изостанува видео надзор во институцијата, најстроги казни за раководството,
-Бараме информација дали и колку од ветеринарните лица во ЗОО Скопје се доктори специјалисти за лекување на диви животни, доколку такви воопшто има,
– Бараме итна надворешна и независна истрага, аутопсија која не би можела да биде лажирана, го повикуваме донаторот на трите коњи овој пат да ја обезбеди финансиски, за да се превенира во најмала рака и други животни да завршат „донирани“’ на овој начин, во оваа недојдија,
-Бараме мораториум на внес на нови животни,
-Дивите животни не се украс, атракција и експонати туку живи суштества и со третманот кој што го добиваат во зоолошката градина се единствено изложени на стрес, страв и страдање, неприродни за природниот хабитат од кој примарно потекнуваат. Склони се на самоповредување, бавно умирање, тешка депресија. Не поддржувајте и не посетувајте животни зад решетки и зоолошки за животни.