„Анима мунди“: Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор каков што не може да се објасни!

од Radmila Tasevska
215 прегледи

Од „Анима мунди“ објавија вознемирувачко видео на кое се гледаат две лица како измачуваат куче. Го држат врзано и го удираат со црево. Од „Анима мунди“ бараат најстрога казна и одземање на секое животно што го поседуваат овие лица.

„Ајде да видиме дали уште ќе јаде кокошки“, велат тие на видеото.

„Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор каков што не може да се објасни! Видео најдено на страната на Стефан Ташков од Радовиш во кое со ваква најава се гордее и јавно се фали. Итно најстрога казна и одземање на секое животно што го поседуваат овие малоумници и садисти, итна кривична одговорност! Итно спроведување инспекциски надзор на АХВ, полициски истраги во секој град и село во Македонија зошто пред очите на сите – неказнето – те со отрови, камшици, те со пушки, се спроведуваат убиства или се мачат живи битија, дела за кои секој би бил затворски санкциониран во секоја нормална држава во светот. Не да се тормозат и казнуваат активисти за секаква тривијалност и глупост, туку монструмите, кои се меѓу нас, кои фрапантно, без страв и срам ги прекршуваат Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон. Позиција за животни, најстроги казни за мачење и убивање на животните, нивна примена наместо празни зборови на хартија!“, велат од здружението.

Од таму додаваат дека институционалниот молк ги охрабрува социопатите, насилниците, како и дека институционалната зачмаеност е директен причинител и резултира во сериозни и неповратни општествени девијации во Македонија.

Слични содржини