Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ денеска објави видео со вознемирувачка содржина од, како што велат, масовно убиство на кучиња во Струга.
-Манијак, личност што неможе да се нарече човек охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга, велат од здружението.
„Анима Мунди“ бара реакција од МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство во однос на овој случај.
-Апелираме до надлежните институции ВЕДНАШ да ги превземат сите дејствија за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за ова масовно убиство! Никој нема за право да одзима нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето, стои во објавата на здружението.