„Анима Мунди“ објави ВИДЕО од малтретирање на коњи: „Под превезот на забава и традиција со години се одржуваат примитивни настани со копитари“

од Nikola Popovski
379 прегледи

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ објави видео на Фејсбук од малтретирање на коњи. Велат дека ова се случува со години пред очите на јавноста. Како што тврдат, „заштитата на коњите постои само на скапо платените билборди од ЕУ“.

-Под превезот на забава и традиција со години се одржуваат примитивни настани со копитари кои се приморани од нивните исто толку примитивни сопственици да влечат трупци со цел да се здобијат со парични награди и да ги задоволат нивните и на публиката – садистички нагони. Повеќе од очигледно е на видеата во прилог дека товарот кој се приморани овие кутри животни да го влечат е повеќе од нивниот физички капацитет бидејќи истите овој пат, а и сите предходни се монструозно тепани, туркани и влечени, порачуваат од „Анима мунди“.

Според нив, сето ова со години се случува пред очите на јавноста и уште по трагично пред очите на официјалните инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство кои, како што пишуваат, никогаш не констатирале никаков прекршок и дозволуваат овие монструозни манифестации во кои животни се изложени на болка и страдање да продолжат да се одржуваат.

 

 

Слични содржини