Почетна / Локално / „Анима Мунди“: Викендов големо пролетно вдомување – спаси живот вдоми

„Анима Мунди“: Викендов големо пролетно вдомување – спаси живот вдоми

Пролетното вдомување миленици кое зема замав, продолжува и овој викенд, информира „Анима Мунди“.

images (2)

„Со цел да обезбедиме топол дом на што е можно повеќе кутриња и мачки кои, во спротивно, се осудени на страдање, глад, смрт на улица, најавуваме уште две големи акции за вдомување во тек на месец март. Акциите ќе се реализираат овој викенд (26.03 и 27.03.2016 година) на улица „Македонија“, во близина на спомен куќата на Мајка Тереза. Ве каниме сите вас кои сакате да стекнете милениче, да дојдете од 12 до 17 часот , да не посетите, да го одберете својот најдобар четвороножен пријател и на тој начин да спасите еден живот. Пролетта е идеална за нови почетоци – вдомете и спасете живот; вдомете, не купувајте миленик, зошто пријателството нема цена!“, повикува „Анима Мунди.“

Секое вдомено кутре ќе добие извод и ваучер за 70% попуст за негова стерилизација/кастрација во иднина, кој ќе важи за секаков вид оперативни зафати за вдоменото животно.

Настанот е овозможен со програмата Civica Mobilitas и поддржан од Општина Центар.

loading...