Американската правничка и професорка на Универзитетиот Брендејс, Анита Хил ќе ја води комисијата која ќе ги истражува наводите за сексуално злоставување во Холивуд.

Комисијата е формирана по бројните обвиненија во Холивуд, вклучително и филмскиот продуцент Харви Ваинстин, а настана на иницијатива на директорката на „Лукасфилм“ Кејтлин Кенди, потпретседателката на „Најк фондацијата“ Мариија Ајтел, агентот на таленти Нина Шо и иневеститорката Фреад Капор Клајн.
Анита Хил е една од првите жени која јавно збоируваше за сексуалното вознемирување во 1991 година кога сведочеше против Кларенс Томас, тогашен судија, чии именување во Врховниот суд требаше да го потврди Сенатот.
– Време е да заврши културата на молк. Јас во оваа работа сум 26 години, а оваа е момент кога навистина можеме нешто да промениме, истакна Хил.
Комисијата ќе бара сеопфатно решение на проблемот со сексуалното злоставување, а треба да почне со работа следната година.