Анкара: Амбасадорот на Австралија бил во близина на синоќешната експлозија

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

Амбасадорот на Австралија во Турција синоќа бил во своето возило и се нашол на само неколку метри од експлозијата во Анкара, во која беа убиени 35 лица, соопшти австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп, цитирана од ДПА. тур б

Бишоп објасни, дека амбасадорот Џејмс Ларсен бил во својот автомобил на крстосница, кога бомбата експлодирала на само 20 метри од него.

– Тој е добро, но е шокиран од она што го виде. Не сметаме дека има убиени или повредени странци во нападот, но за тоа се води истрага, изјави Бишоп за телевизијата „Скај њуз“.

– Амбасадорот рече дека глетката била потресна. Тој е добро и сите вработени во Австралиската амбасада во Турција исто така, додаде таа