306
Мнозинството граѓани негативно ја оценуваат работата на техничките министри кои ги постави ВМРО-ДПМНЕ во Владата, се вели во најновата анкета на институтот Рејтинг.
На прашањето: „Како ја оценувате работата на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ во Владата?“ 44 отсто рекле дека нивната работа ја оценуваат негативно, додека 35 отсто рекле дека ја оценуваат позитивно.
Еден од пет испитаника не знае или нема мислење за работата на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ.
Анкетата била спроведена на примерок од 1.080 испитаници, од 18 до 29 Јануари со метод интервју лице в лице, а статистичката грешка изнесува од -3 до +3%.