На анкетата која ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис” (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, педесет проценти од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, додека 34 отсто од испитаниците одговориле дека не би се вакцинирале, од друга страна 16 отсто од граѓаните сè уште се двоумат.
Најголем дел од граѓаните, според анкетата, вкупно 39 отсто ја преферираат вакцината на Фајзер, додека втора по ред е вакцината Спутник В со 21 отсто. Малку преферирани се вакцините Синофарм, која ја преферираат 6 отсто од граѓаните, потоа е Модерна, која ја преферираат 5 проценти од граѓаните, додека најмалку преферирана вакцина е Астра Зенека, за која се определиле само 3 отсто од граѓаните. Дваесет и седум проценти од граѓаните не знаат или немаат одгвор за тоа која вакцина ја преферираат.