Анкета: 83,7 % од младите сакаат да фатат “џенем” од државава

од desk3
86 прегледи

63,4 % од граѓаните не се задоволни од општиот животен стандард- вработувањето, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина/

Ваквата состојба ја покажува анкетата спроведена од Инфоцентарот во партнерство со Македонскиот центар за европско образование, Осми Септември и Центарот за развој на медиуми, во периодот ноември 2015 – јануари 2016 година.

Според анкетата, 83,3 % од анкетираните граѓани оценуваат дека условите за вработување се лоши, а на прашањето дали би се иселиле од Македонија, исклучително 83,7 %од испитаниците дале потврден одговор.

Од нив 52,4 %, би се иселиле во некоја од западните држави, речиси 12 отсто во САД и Канада, а во скандинавските држави би се иселиле 10,3 отсто од испитаниците.

Во однос на напуштањето на малдите на државата анкетираните како главни причини ги навеле- работата (невработеноста, потрагата по подобро вработување) – 34 %, општествената ситуација (главно партиските вработувања, вкупната политичката ситуација) – 33,5 % и економската стабилност односно финансиите – 17 %

Поголемиот дел од испитаниците кои основале свое семејство, или немаат деца или имаат само едно дете, а изјавиле дека посакуваат да имаат две, a некои и три деца.

За најголемиот дел од младите луѓе клучни предуслови за основање семејство, како и причини зашто се уште не основале семејство се вработувањето, финансиите и партнерот односно возраста.

Оваа анкета има за цел да ги истражи мислењата и ставовите на младите луѓе за две теми: планирање на семејството и миграциите. Со анкетата се опфатени вкупно 503 испитаници на возраст од 20 до 35 години, во сите плански региони.

Слични содржини