Анкета: AfD има најголема поддршка меѓу германските граѓани

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Најновите анкети на јавното мислење покажуваат дека Алтернатива за Германија (AfD) има најголема поддршка меѓу германските граѓани, додека партнерите во владејачката коалиција, Христијанско-демократската унија (CDU) и нејзиниот коалициски партнер, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), ја губат поддршката, објавува Frankfurter Rundschau.

Анкета на Институтот за истражување на јавното мислење Forsa во соработка со RTL и NTV наведува дека AfD има 26 проценти поддршка од граѓаните и е на прво место по популарност меѓу гласачите.

CDU, која имаше 28,5 проценти поддршка на изборите за Бундестагот во 2025 година, сега има 24 проценти поддршка меѓу Германците.