Анкета: Американците песимисти за американската демократија

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Само еден од десет возрасни Американци би дал висока оценка за тоа како функционира демократијата во земјата или како таа ги застапува интересите на мнозинството Американци, според најновото истражување на јавното мислење на агенцијата Асошиејтед прес и Центарот за јавно истражување NORC.

Повеќето испитаници велат дека американските закони и политика вршат прилично лоша работа во претставувањето на она што го сакаат повеќето Американци, од прашања за економијата и трошењето пари до политиката за оружје, имиграцијата и абортусот.

Истражувањето покажува дека 53 отсто од луѓето сметаат дека Конгресот лошо работи во одржувањето на демократските вредности, а само 16 отсто од нив сметаат дека добро го прави тоа, наведува „Гласот на Америка“.

Слични содржини