Анкета: Демократијата во Грција во криза

од Vladimir Zorba
106 прегледи

 

Грците со недоверба гледаат на демократските институции во земјата, при што еден на секои двајца, односно 47 проценти од нив сметаат дека демократијата е само формалност, но не и пракса, пренесува БТА.грција ред

Осуманест отсто од нив преферираат помалку демократија, а повеќе проспертитет, а 32 проценти одговориле дека и покрај проблемите што ги создава, демократијата е најдобар избор, покажува истражувањето на „Универзитетот за Македонија“ во Комотини, објавено во електронското издание на весникот „Катимерини“.

Кризата на довербата кон политичкиот систем во Грција е последица и на разочарувањето на значителен дел од анкетираните. Четириесет и пет отсто од нив сметаат дека учеството на изборите е бесмислено, бидејќи во крајна линија исходот е одреден од желбите на надворешните фактори.

Спротивно мислење имаат 44 отсто од анкетираните, кои велат дека изборите се многу важни, бидејќи со нив се одредува иднината на земјата.

Како најзагрижувачки во истражувањето се означува фактот дека кризата на довербата во демократијата е се поизразена меѓу младите луѓе, кои сметаат дека демократија има само во теоријата.  Педесет отсто од младите сметаат дека учеството на изборите е без значење.

Педесет и еден осто од анкетираните изјавуваат дека чувствуваат гнев или одбивност кон пратениците, а едвај 11 проценти велат дека имаат почит кон нив. Овој негативен став се однесува и на премиерската функција, при што едвај еден на четири анкетирани вели дека има почит кон премиерот.

Полицајците, односно судиите имаат поголема поддршка, 52, односно 44 отсто.