Податоците од неодамна објавеното Европско општествено истражување, во кое за првпат учествуваше и Северна Македонија велат дека многу висок процент од македонските граѓани би гласале Северна Македонија да стане членка на ЕУ доколку утре се одржи Референдум за членство во Европската унија, мал е процентот на тие кои се евроскептици.
Граѓаните во нашата држава сакаат да живеат во демократска држава, но истовремено сакаат да имаат авторитарен лидер со „цврста рака“ кој ќе биде над законите.
Во државава најмногу се дискриминира во однос на етничка и национална припадност, но она што го нема како прашање во истражувањето е политичката дискриминација.
Граѓаните имаат ниска доверба во институциите и политичките партии…
Анализата на доц. д-р Јован Близнаковски од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Скопје во однос на истражувањето, погледнете ја на следниот линк!