Анкета: Грција може да банкротира и сепак да остане во еврозоната

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Постојат 40 отсто шанси Грција да ја напушти еврозоната, покажа анкетата спроведена меѓу трговците на пазарот на пари, што ја објави Ројтерс, а ја пренесуваат грчките медиуми.

Greece--550x300

Во анкетата одговарале 20 трговци, од кои 75 отсто одговориле дека постои веројатност за излез на Грција од еврозоната, додека тој број минатата недела изнесувал 28 отсто.

Но, економистите биле поделени околу клучното прашање што може да одлучи за иднината на членство на Грција во еврозоната, дали може да не го плати долгот и се уште да остане со еврото.

Дванаесет од испитаниците рекле дека Грција може да банкротира и сепак да остане во еврозоната, додека осум рекле не.

Атина бара начини да исплати плати на државните работници и и е потребна нова помош од кредиторите за да може во мај да плати уште една рата на Меѓународниот монетарен фонд во вредност од речиси една милијарда евра./МИА