Анкета ИПИС: 46,1% од граѓаните сметаат дека државава се справува полошо со корона-кризата од земјите во регионо

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Спутник-В и Фајзер се на прво место на листата од вакцини кои се понудени во нашата држава против Ковид -19 за кои се изјасниле граѓаните дека би ги примиле во Анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) кое истражување го спровеле телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1.112 полнолетни испитаници на ниво на Република Северна Македонија.

Од испитаниците 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 се двоумат.

На прашањето која вакцина би ја примиле, од граѓаните 21,8 отсто се изјасниле за Спутник-В, 21,6 за Фајзер, 13,8 за која било, 6,2 за Астра Зенека, 4,4 проценти за Синофарм и 3,1 за Модерна. На истото прашање, 16,1 отсто од испитаниците одговориле дека не би примиле ниту една вакцина, а 12,7 проценти се уште не се решиле со која би се имунизирале.

Од испитаниците во Анкетата на ИПИС, 46,1 проценти сметаат дека државава полошо се справува со корона кризата од земјите во регионот, а 32,6 отсто се изјасниле дека Северна Македонија слично се справува како другите држави.

Слични содржини