Анкета: Коалицијата СДСМ и Беса води пред ВМРО-ДПМНЕ со четири процентни поени

од Aleksandar Petrovski

Анкета направена на крајот од мај и почетокот на јуни покажува дека коалицијата на СДСМ и Беса води со четири процентни поени разлика пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ објави Независен.мк. Во проценти тоа изнесува – 20 наспроти 16. Во албанскиот блок за прв пат како фаворит се појавува коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива пред ДУИ. Според анкетата АА+А би освоиле 6,2 отсто, а ДУИ е веднаш зад нив со 5,9 отсто.

Оваа анкета е направена во периодот од 30 мај до 4 јуни на примерок од 1.111 испитаници. Поради кризата со корона вирусот анкетата е правена телефонски, а маргината на грешка е +/-2,94 проценти.

Слични содржини