АНКЕТА: Колку знаеме за храната што ја јадеме?

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Во нашата култура храната е централна тема, таа е неопходност, но и задоволство. Храната за многу од нас има поголемо значење од „само оброк“, некои од нас особено внимаваат и на тоа колку таа храна е безбедна за консумирање и што содржи. Без разлика дали сме размислувале на оваа тема или не, храната и нејзиното купување и подготвување земаат голем дел од нашето секојдневие, особено во овие празнични периоди.

Здружението за истражувања и анализа ЗМАИ, подготви анкета поврзана токму со храната, начините на кои купувате храна, како и вашите ставови за тоа која храна е здрава, а која безбедна за јадење. За пополнување на анкетата доволни се 10 минути, а истата е анонимна односно нема потреба да ги споделите вашето име и презиме.

Оваа анкета/прашалник е за сите, ако јадете тогаш ќе знаете и да ја пополните.

Споделете ги вашите мислења!

Слични содржини