Мнозинството граѓани не веруваат во пратениците, сакаат промена на спикерот и мислат дека жена подобро би го заменила, велат резултатите од анкетат на Институт за демократија, човекови права и дигнитет ИДЧПД – Скопје.
Анекатат покажува дека мнозинството граѓани немаат доверба во пратениците. На прашањето дали им верувате на пратениците во законодавниот дом, 64 отсто се изјаснија дека немаат доверба, 24 отсто дадоа спротивен одговор, додека 12 отсто рекоа дека немаат одговор.
На прашањeто, дали мислите дека треба да се промени сегашниот спикер, мнозинството граѓани (56%) одговорија со да, 21 отсто мислат дека спикерот треба да остане на функцијата, а 23 отсто рекоа дека немаат одговор.
На хипотетичкото прашање на оваа анкета, во случај да дојде до промена на спикерот дали граѓаните мислат дека на негова позиција треба да дојде маж или жена, на ова прашање мнозинството (58%) смета дека иден спикер треба да биде жена, 31 отсто се изјаснија за маж, додека 11 отсто немаа одговор.
Институтот за демократија, човекови права и дигнитет ја спроведе анкетата од 4 октомври до 4 ноември оваа година, а во неа учествуваа вкупно 1.457 лица. Истражувањето беше спроведено на територија на град Скопје, со маргина на грешка до 2 отсто.