Речиси половина граѓани, или 47 отсто, имаат негативен став кон премиерот Никола Груевски, а нешто помалку, или 44 отсто, рекле дека имаат позитивен став кон премиерот на анкетата спроведена од српската агенција „Фактор Плус Адриа“. Според истражувањето помалку граѓани имаат негативен став кон лидерот на опозицијата, Зоран Заев, или 38 испитаници, а подеднакво како кај Груевски, 44 отсто одговориле дека имаат позитивен став кон него.

saso mijalkov , nikola gruevski, gordana jankulovska

Анкетата покажува дека меѓу граѓаните се најнеомилени Груевски и Гордана Јанкулоска, за која 55 отсто од испитаниците имаат негативен став, а најомилен е Зоран Ставрески за кој 46 отсто од граѓаните имаат позитивен став.

Спред испитувањето на „Фактор Плус Адриа“, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму води на рејтинг листите. За ВМРО-ДПМНЕ одговориле дека ќе гласаат 29,5 отсто од испитаниците, а за СДСМ 21,4 отсто. Трета е ДУИ со 10,2 отсто.

Избори: СДСМ тактизира, ВМРО-ДПМНЕ инсистира, а Хан ќе интервенира

И покрај високиот рејтинг на владејачката партија, 58 испитаници сметаат дека во изминатите три години Владата на Република Македонија е водена во погрешен правец, 31 отсто сметаат дека е водена во права насока, а 11 отсто немаат мислење. 53 отсто сметаат дека корупцијата е зголемена во изминатите три години, а 22 отсто рекле дека е намалена.

По однос на странските инвестиции, најголем број, или 45 отсто, сметаат дека корист од нив имаат само политичките елити и ним блиски компании. 18 отсто сметаат дека корист од странските инвестиции имаат граѓаните.

81 отсто чувствуваат незадоволство и бес од состојбите во Македонија, а 76 отсто загриженост, страв, слабост и безнадежност. Само 46 отсто чувствуваат надеж и оптимизам.

Според истражувањето граѓаните не се задоволни од работата на институциите и ниту една установа не добила преодна оцена. Претседателот е оценет со 2,1 просечна оцена, Владата со 1,9, судството со 1,7, а здравството со 1,8. Највисока оцена е 5.

Најголем број, или 31 отсто, очекуваат следната година да живеат многу полошо, а 30 отсто исто како и до сега. 11 отсто веруваат дека ќе живеат малку подобро, а 7 отсто одговориле со многу подобро.

80 отсто економската состојба во земјата ја оцениле како лоша, а 6 отсто како добра. За сусдвото 54 отсто одговориле е целосно под влијание на политичарите и големиот капитал, додека за медиумите 44 отсто одговориле дека се целосно конторолирани, а 30 отсто рекле дека се слободи.

На избори одговориле дека ќе гласаат 70 отсто од интервјуираните, а 15 дека нема да гласаат.

Анкетата е направена во период од 30-ти ноември до 7-ми декември, на примерок од 1.200 лица од територијата на Република Македонија. Лицата се интервјуирани телефонски.

„Фактор Плус Адриа“ е една од водечките компании во областа на маркетинг истражување во Република Србија. Основана е во 2000 година.

Слични содржини