4
Според најновата анкета на јавното мислење спроведена од британската агенција YouGov, доколку парламентарните избори се одржат оваа година, Реформската партија на Најџел Фараж би освоила најмногу места во Долниот дом на британскиот парламент.
Според резултатите од анкетата, Реформската партија би освоила 271 место, додека Лабуристите би освоиле 178 места, што е значителен пад во споредба со 411 минатата година.
Конзервативците, попознати како Ториевци, би паднале на 4-то место со само 46 пратеници, по нив следуваат Либералните демократи, кои би го зголемиле бројот на места од 72 на 81, според резултатите од анкетата, кои денес ги објави Скај њуз.