Анкетата на ИРИ откри кои министри се со највисок рејтинг во владата на СДСМ

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска се министрите со најголем рејтинг во Владата предводена од СДСМ, односно граѓаните сметаат дека тие најдобро ја вршат својата работа, според резултатите од последната анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ.

На прашањето „Кој министер во Владата најдобро ја врши својата работа“ испитаниците најголема доверба искажале кон премиерот Димитар Ковачевски.

Анкетата за потребите на ИРИ е спроведена од агенцијата Брима во период септември – октомври на национален примерок од 1.207 испитаници.

Слични содржини