Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган заостанува зад својот главен ривал Кемал Киличдароглу за повеќе од пет процентни поени пред претседателските избори во недела, покажуваат резултатите од анкетата кои денеска ги објави компанијата „Конда“.
Анкетата покажа дека Ердоган има 43,7 отсто од поддршката, а Киличдароглу 49,3 отсто, со што му недостига само малку до мнозинството потребно за победа во првиот круг, пренесува „Ројтерс“.
Ова сугерира дека вториот круг меѓу двајцата кандидати е најверојатно на 28 мај.
Изборите овој месец се најголемиот политички предизвик за турскиот претседател, кој е на власт две децении, а опозицијата ги смета за нивна најдобра можност да го заменат Ердоган и да ја сменат неговата политика.
Претседателските и парламентарните избори се одржуваат на 14 мај, а можниот втор круг на 28 мај.