Анкетната комисија продолжува со работа за скандалот на Онкологија

од Nikola Popovski

Во Собранието денеска продолжува со работа Анкетната комисија за скандалот на Онкологија. Ќе се сослушуваат сведоци и експерти, и ќе се разгледуваат акти и документи поврзани со случувањата на Онкологија.

Членовите на Комисијата на 13-ти ноември ги почнаа дополнителните 30 дена за сослушување експерти и носители на јавни функции, како и за анализа на документацијата и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа претходно сослушани.

Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека по комплетирањето на исказите и документацијата, ќе бидат донесени заклучоци кои ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а очекува од нив, покрај кривична, да произлезе и политичка одговорност.

Слични содржини