Анонимус: Информациите за атентатот на Зеленски протекоа од руската Федерална служба за безбедност

од Milan1

Информациите за планиран атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски протекоа од руската Федерална служба за безбедност, објави хакерскиот колектив „Анонимус“.

Тие исто така соопштија дека сега започнува борбата за моќ во Кремљ за соборување на режимот на Путин. „Во меѓувреме, да продолжиме со нападите”, вели групата.

Според странските медиуми, елитните единици на чеченската паравојска се обиделе да го убијат Зеленски, а нивниот обид бил спречен.

„Обидот за атентат е спречен“, изјави Алексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.

Елитна група Чеченци пристигнала во Киев за да го убијат украинскиот претседател. Не се познати деталите од борбата, ниту колку блиску успеале да дојдат до Зеленски.

Слични содржини