Поранешниот француски фудбалер, Тиери Анри денеска објави дека ќе ги затвори сите сметки поради сеприсутниот расизам на социјалните мрежи.
Анри рече дека компаниите кои стојат зад социјалните мрежи не научиле доволно да го сопрат насилното однесување, кое редовно за мета ги има афро-американски спортисти.
„Од утре наутро, ќе ги бришам сите сметки од социјалните мрежи се додека властите не ги регулираат нивните платформи со иста енергија и интензитет како што прават кога се кршат авторските права“, рече поранешниот напаѓач на Арсенал.
Французинот има 2,7 и 2,3 милиони следбеници на Инстаграм, односно Твитер.
Легендарниот напаѓач објасни зошто се решил на овој потег.
„Обилната количина на расизам, малтретирање и ментална злоупотреба што ја шират поединци е премногу токсична за да се игнорира. Мора да има одредена одговорност. Премногу е лесно да отворите сметка, да ја користите за вознемирување без последици и да останете анонимни. Додека не се случи тоа, ги откажувам сите сметки на социјалните мрежи“.
Во својата фудбалска кариера, 43-годишниот Французин играше за Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона и Њујорк Ред Булс, каде ја заврши кариерата во 2014 година.
Тој ја освои Лигата на шампионите со Барселона во сезоната 2008/2009, а во 1998 година ја освои светската титула со националниот тим.
Тренерската работа ја започна во 2016 година, кога стана помошник тренер во белгиската репрезентација, за да ја изврши својата прва независна работа во Монако од 2018 до 2019 година.
Во февруари годинава ја напушти функцијата тренер на тимот од Монтреал, образложувајќи ја таа одлука со семејни причини.
Hi Guys
From tomorrow morning I will be removing myself from social media until the people in power are able to regulate their platforms with the same vigour and ferocity that they currently do when you infringe copyright…. pic.twitter.com/gXSObqo4xg
— Thierry Henry (@ThierryHenry) March 26, 2021