Анри: Мбапе има повеќе талент од Халанд

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона, Тиери Анри направи храбра споредба за време на првиот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, кој Шпанците го добија со 3-2 во Лигата на шампионите, отворено кажувајќи дека го претпочита неговиот сонародник Килијан Мбапе пред Ерлинг Халанд.

„За мене, Килијан има повеќе талент. Ќе објаснам. Тој се обидува да игра како централен напаѓач во последнава година и половина. Го испробаа на таа позиција во Пари Сен Жермен и не му одеше баш најдобро. Сега тој го прави тоа во Реал Мадрид – најголемиот клуб во Европа. Мора да се прилагоди. Додека Халанд игра како „деветка“ од почетокот на кариерата“, изјав Французинот за CBS Sports.

„Би го избрал Мбапе за напаѓач во мојот тим, бидејќи тој нуди различни опции. За тренерот, тој може да игра десно, лево, во центар. Но дали Халанд може да игра на поинаква позиција од „деветка“? И прашајте било кој дефанзивец кој од двајцата претпочита да чува“, додаде Тиери Анри.

Слични содржини