Анри призна дека Реал Мадрид одбил да ги пушти своите играчи во француската репрезентација

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Селекторот на младата репрезентација на Франција, Тиери Анри, потврди дека Реал Мадрид одбива да ги пушти своите играчи во составот за Олимписките игри ова лето во Париз. Во Реал Мадрид моментално има тројца Французи – Ферланд Менди, Аурелиен Чуамени и Едуардо Камавинга, но се очекува на лето да им се приклучи Килијан Мбапе.

„Отсекогаш било така и знаев дека ќе биде тешко. Тоа е сосема нормално, особено за клубовите во странство. Олимпијадата е тука во Франција и локалните клубови ќе помогнат. Ама за странските очекував да не ни бидат достапни. Но, никогаш не застанав на првото „не“. Ќе видиме што може да се направи, но одлуката ќе биде оставена на клубовите бидејќи ова не се официјални датуми на ФИФА. Ќе се обидеме повторно да разговараме и да видиме што може да се направи. Треба да ги слушаме сите. Подготовката е тешка бидејќи засега ништо не е сигурно. Има неколку имиња што би сакале да ги имаме, но не е јасно кога ќе имаме одговор. И ако играчот го смени клубот?“, изјави Анри.

Првиот исто така навести дека слични „инциденти“ ќе ги погодат и другите европски тимови бидејќи фудбалот на Олимпијадата не е дел од официјалниот календар на ФИФА и затоа тимовите не се обврзани да ги почитуваат желбите на селекторите.

Слични содржини