Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона, Тиери Анри изрази изненадувачко мислење за фаворитот за следната „Златна топка“. Досега како фаворити беа именувани Мохамед Салах, Ламин Јамал и Хари Кејн, но поранешниот француски репрезентативец ја истакна исклучително силната сезона на Рафиња со каталонскиот тим како негов број еден.
Салах има фантастична кампања и досега има 27 гола и 17 асистенции во Премиер лигата, но вчерашната елиминација од Лигата на шампионите може негативно да влијае на неговите шанси. Усман Дембеле е на врвот на своите перформанси во последните месеци, а од јануари има постигнато 19 голови.
„За мене Рафиња води досега поради неговиот настап и неговите 11 гола во Лигата на шампионите. Салах е исто така претендент, Хари Кејн и Дембеле. Ама ако играш вака во ЛШ, го освоиш домашното првенство, очигледно ти си човекот. Рафиња постигна многу голови (27 на сите турнири) и само еден пенал. Не велам дека Кејн не треба да изведува пенали, а Салах има сезона во Англија која тешко дека ќе ја видиме повторно. Но, ако имаш толку голови и без изведување пенали… Треба повеќе да зборуваме за ова момче, што прави со противничките одбрани, но и со пресингот, бидејќи како напаѓач треба да знаеш да притискаш, да се браниш и да им помагаш на дефанзивците. Има многу фактори и Рафиња ги има сите овие квалитети“, изјави Анри по победата на ПСЖ над Ливерпул.