Анри стана косопственик на клуб од Серија „Б“

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Легендата на Арсенал и францускиот фудбал Тиери Анри сега е акционер во италијански Комо. Веста беше соопштена на специјална прес-конференција на која присуствуваше извршниот директор на клубот и поранешен капитен на Челси, Денис Вајз.

„Ова е нов чекор во мојот живот. Знам колку луѓето овде го сакаат фудбалот. Многумина доаѓаат да го видат езерото и прекрасниот град, но сега сакам да зборувам за фудбалскиот проект. Долго чекав таква можност. Комо има амбиции и што е најважно, ги дели истите вредности како мене. Ова не е само фудбалски клуб, туку структура која му помага на општеството“, сподели Анри.

Тој додаде дека ќе ја продолжи работата како помошник селектор на белгиската репрезентација.

Комо е поддржан од индонезиски концерн за цигари. Последен пат тимот беше дел од Серија „А“ во 2003 година. Во 2016 година Комо банкротираше и отиде во четвртата дивизија. Минатата сезона тимот заврши на 13. место во Серија „Б“.

Во Комо игра поранешниот соиграч на Анри, Сеск Фабрегас, кој е и акционер во клубот. Поранешниот шпански репрезентативец синоќа дебитираше како резерва во поразот на домашен терен од Бреша со 0:1.

Слични содржини