Анселмино на позајмица во Борусија Дортмунд до крајот на сезоната

„Навистина се радувам што ќе се приклучам на Борусија. Ќе дадам се од себе за да бидам успешен со овој голем клуб и неговите фантастични навивачи“, рече Анселмино, кој играше за Бока Јуниорс пред Челси.

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Аргентинскиот фудбалер на Челси, Арон Анселмино, ќе игра на позајмица во Борусија до 30 јуни 2026 година, објави денес клубот од Дортмунд.

Анселмино (20) ќе го носи дресот со број 28 во германскиот клуб. Аргентинскиот фудбалер би можел да дебитира за Борусија следниот викенд во второто коло од Бундеслигата против Унион Берлин.

„Навистина се радувам што ќе се приклучам на Борусија. Ќе дадам се од себе за да бидам успешен со овој голем клуб и неговите фантастични навивачи“, рече Анселмино, кој играше за Бока Јуниорс пред Челси.

Слични содржини