Антиимигрантската “Алтернатива за Германија” очекува успех и во мултикултурен Берлин

од Vladimir Zorba
104 прегледи

zx450y250_2828547

Околу 2,5 милиони берлинци гласаат за нов локален парламент на Берлин – динамичната и популарна престолнина, која продолжува да се трансформира близу 27 години по падот на Ѕидот, пишува Јаник Паскал за агенцијата “Франс прес”, цитирана од агенциите.

Потоа парламентот на Берлин ќе назначи градоначалник на градот, кој 15 години е од редовите на социјалдемократите при слабо присуство на конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.

Ако германската Социјалдемократска партија (СДП) повторно победи, со малку над 20% според анкетите, таа најверојатно нема да го обнови сојузот со Христијанската заедница (ХДС), која според анкетите ќе добие 19%.

Повеќе веројатна изгледа троен сојуз меѓу социјалдемократите на досегашниот градоначалник Михаел Милер со радикалната партија “Левица” и Зелените. Што ќе биде нов шамар за партијата на Ангела Меркел.

Сите очи ќе бидат насочени кон десните популисти од “Алтернатива за Германија” (AfD) за кои се очекува да влезат во парламентот со 14 до 15%.

Според берлинскиот политиколог Нилс Дидерих овие избори “не се особено возбудливи, ХДС е традиционално слаб во Берлин, а социјалдемократите би требало традиционално да добијат”. За него вистинскиот залог е “какви загуби ќе претрпат големите партии во корист на AfD” година пред парламентарните избори.

Оваа млада партија која се залага на противење на доаѓањето на бегалци, привлекува гласови насекаде “, од Зелените до социјалдемократите во ХДС”.

“Сметам дека AfD ќе ги мобилизира негласувачите, луѓето со десничарски конзервативни позиции кои досега не беа подготвени да гласаат за десничарските екстремисти”, носталгични по Третиот Рајх, рече Дидерих.

Партијата ги привлекува и оние кои ги отфрлаат традиционалните политичките елити, откако владејачката коалиција го размени идентитетот на овие партии. “Алтернатива за Германија” може да влезе и во голем број на реонски совети, особено во предградијата на поранешниот Источен Берлин.

За време на локалната предизборна кампања Меркел се сврте, без да ги именува, кон потенцијалните избирачи на антиимигрантските партија. “Треба да ги убедиме гласачите дека во овој момент е особено важно да поддржуваме партиите кои прават нешто, а не оние кои

даваат едноставни виртуелни одговори и поттикнуваат конфликтите “, истакна таа.

Иако последиците на национално ниво ќе се слаби, овие избори затвораат една деликатна за канцеларот изборна година, одбележана со опасен пад на рејтингот нејзиноите тешки изборни порази и постојано гласно незадоволство на Германците, кои се загрижени од доаѓањето на еден милион мигранти во 2015 година.
Минатата година над 79.000 мигранти најдоа засолниште во Берлин, а од нив останале над 52.000 лица.

Катастрофалнио начин на кој тие беа примени од обвинетите некадарни општинските власти сепак предизвика бес низ целата земја. Многу од нив се уште се сместени во поранешниот аеродром на градот. Пристапот до живеалиште, и тоа не само за мигрантите, е меѓу главните проблеми на градот, чие население надмина 3,5 милиони луѓе.

Берлинците се загрижени што растат кириите иако остануваат далеку од оние во Париз или Лондон, а стапката на невработеност во главниот град е меѓу највисоките во Германија.

Сакан од младите луѓе и престолнина на новосоздаваните технолошки компании, Берлин ужива и на мултикултурен имиџ: во него живее најголемата турска заедница надвор од Турција, а имигрантите се 13,5% од населението.

А постојниот градоначалник не се двоумеше да позира со обвиткана жена за предизборен плакат. Мнозинството берлинци (52%) сметаат дека бегалците се богатство за нивниот град.