Антиќ: Бев вклучен во трансферот на Елмас во Фенербахче

од Vladimir Zorba
311 прегледи

Перо Антиќ, нашиот легендарен кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската федерација им посака среќа на македонските фудбалери со надеж дека ќе го надминат успехот на неговата генерација која во 2011 го освои четвртото место на ЕП во Литванија.

„Македонските фудбалери заслужуваат сѐ најдобро. Секоја поддршка им е потребна. Можам само да им кажам – момци глава горе, не читајте ништо и само уживајте на теренот“, изјави Антиќ.

Тој откри и дека бил инволвиран во трансферот на еден од нашите најдобри фудбалери, Елиф Елмас од Наполи вотурски Фенербахче.

„Елмас ми е многу драг. Бев вклучен во трансферот на Елиф во Фенербахче. И многу ми е мило што успеа“, вели легендата на македонската кошарка.

Слични содржини