Антиќ: Димитријевиќ ме разочара, не заслуживме ваков однос од него

од Берта Китинска
308 прегледи

Раководството на КФСМ, предводено од претседателот Перо Антиќ, изрази огромна разочараност од односот на Ненад Димитријевиќ, кој беше повикан во составот, но без образложение одбил да дојде.

„Кажавме на стартот дека нема да одиме на суспензии, сакаме играчите самоволно да дојдат да играат за репрезентацијата. Најмногу сум разочаран од Димитријевиќ бидејќи уште кога беше мал, постојано бев зад него и го поддржував. Како личности, а и како федерација, мислам дека не заслуживме ваков однос од него“, вели Антиќ.

Слични содржини