299
И покрај зголемената потрошувачка, антикоагуланта терапија Клексан и ксералте има доволно во земјава, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
– Во моментов нема недостиг од ваква терапија, ниту во аптеките, ниту во болниците, посочи тој.
Зголемената потрошувачка, додава, се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со ковид 19 кај кои се јавува одредени проблеми со крвта.