Државната комисија за спречување на корупција со пет гласа го усвои приговорот на кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила од Академијата за судии и јавни обвинители.
-Сомневањата се основани, истакна претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска.
Според приговорот на Силјановска – Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.
Академијата со став дека како едукативна институција, не вршат вработувања, а продолжување на тестирањата-за да нема застој во работењето на правосудните институции.
Одлуката на ДКСК, Академијата на судии и јавни обвинители ќе ја обжали на Управен суд.