Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) веќе отворила предмет и го „чешла“ имотот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Од Комисијата додаваат дека веднаш штом добијат конкретни информации, ќе ги споделат со јавноста.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминатата недела почна со серија прес-конференции на кои пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, излезе со наводи дека членови на семејството Груби се стекнале со имоти и бизниси што им го овозможиле функционери на ДУИ.
Груби во дебатна емисија пред неколку дена рече дека неговиот брат го купил деловниот простор во центарот на Скопје за 100 000 евра со хипотекарен кредит што го подигнал од банка како физичко лице.