Антикорупциска со полна пареа го анализира договорот со „Бехтел и Енка“

од Nikola Popovski
241 прегледи

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) работи со полна пареа во анализирање на договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Ова денеска го изјави претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

-Го добивме договорот и сме во фаза на анализа. Поброен тим работи на предметот и веќе им се поделени задачите. Некој е вклучен во делот за јавни набавки, некој во делот за равботни односи, некој како истражител, некој прави анализа на законите што треба да донесат… Верувајте дека бара поголема работа и анализа, истакна Ивановска.

Првиот човек на ДКСК исто така посочи дека не може да каже точен датум кога ќе заврши анализата, поради како што вели, неблагодарно е да се каже.

-Работиме на тоа со полна пареа. Кога ќе биде готово, веднаш ќе излеземе и ќе кажеме, им рече Ивановска на новинарите.

Слични содржини