Антикорупциска бара истрага за др.Софијанова за рекламирање суплементи на ТВ

од Берта Китинска
585 прегледи

Антикорупциска бара од Лекарската комора на Република Северна Македонија да го истражи случајот со директорката на ЈЗУ Клиника за педијатрија Аспазија Софијанова која рекламирала суплементи на одреден производител на телевизија.

Владимир Георгиев, член на ДКСК о бразложувајќи го предметот, истакна дека во Кодексот за медицинската деонтологија по членот 87, став 1 се вели дека вршењето на пропаганда на разни санаториуми, институти, клиники, за фармацевтската индустрија, козметика или за одделни здравствени работници не е во согласност со професијата лекар и оти таквите стручни известувања може да се објавуваат само во строго стручни или тесно специјализирани гласила.

– Во ставот 3 се вели дека морално етички не е дозволено лекарот да ги става својата професија и професионалните контакти во функција на граѓанска афирмација и други активности. Во членот 18, став 4 од Кодексот за медицинската деонтологија се вели дека лекарот не смее исто така да се здобива со корист од награда или за пропагирање на фармацевтска, козметичка или други производи од овие области, појасни Георгиев.

Согласно ова, како што посочи, сметаат дека немаат надлежност да постапуваат, бидејќи не се работи за прекршување на членовите од Законот за корупција.

– Дефинитивно сметаме дека овој предмет треба да се достави на надлежно постапување на Лекарската комора на РСМ, имајќи предвид дека единствена надлежност е токму да се грижи и да го следи и надгледува спроведувањето на правилата на медицинската етика и деонтологија и да презема мерки во случај на нивно прершување, рече Георгиев.

Слични содржини