Антикризниот пакет од 26 мерки веќе дава видливи резултати, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba
159 прегледи

„Антикризниот пакет од 26 мерки веќе дава видливи резултати“, соопштија утрово од владејачката СДСМ.

„Со укинување на ДДВ, цените на основните производи остануваат стабилни. ДДВ од 0% има за леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, од 3,2 и 3,5%, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца.

Додека насекаде низ регионот цените на горивата растат, кај нас се намалуваат.

Благодарение на намалувањето на ДДВ и на акцизата, нашите граѓани точат нафтени деривати по најниски цени во регионот.

Дополнително се намалени цените на бензините за два денари по литар, а цената на дизелот е намалена за три денари“, посочуваат од Бихаќка.