292
Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих е избран за најдобар германски фудбалер за 2021 година на гласање на навивачите, објави во четвртокот Германската фудбалска федерација.
26-годишниот фудбалер доби 33,8 отсто од гласовите, додека Каи Хаверц, кој го постигна победничкиот гол на Челsи во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, се најде на второто место со 22,7 отсто.
Соиграчот на Кимих во Баерн – Лерој Сане заврши на третото место со 13,6 отсто од гласовите
Кимих предизвика дебата за вакцините во професионалниот спорт во Германија, откако во октомври откри дека не бил вакциниран. Откако се зарази во декември, фудбалерот рече дека ќе биде вакциниран веднаш штом ќе успее.