Најдобриот австриски тенисер Доминик Тим беше вакциниран против коронавирусот, со што заврши дебатата за неговиот статус на вакцинација.
Како што најави, ја примил првата доза од вакцината.
Тим претходно изјави дека сака да ја чека новата вакцина „Новавакс“, која е направена на традиционален начин, со мртов вирус.
Бидејќи таа вакцина долго време нема да добие одобрение од Европската агенција за лекови, Тим одлучи да не чека повеќе, туку да се вакцинира со постоечките вакцини.
Имено, тој сака по долга пауза поради повреда повторно да излезе на тенискиот терен и да учествува на Австралија опен, за што мора да биде целосно имунизиран најдоцна до 26 ноември.
Откако објави дека се уште не е вакциниран, Тим беше изложен на бројни критики, а меѓу критичарите имаше и австриски политичари.
Тој беше јавно поканет и од министерот за здравство Волфганг Микштајн да се вакцинира.
Инаку, Тим планира да се врати по паузата на турнирот во Абу Даби кој ќе се одржи од 16 до 18 декември.