Антокорупциска одговори на обвинувањата на Иванов

Во врска со наводите на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов во кои тој ја нападна Билјана Ивановска, инаку претседател на Државната изборна комисија дека е неодговорна и нестучна, тој објави дека таа го нарушувала угледот на ДКСК и дека е инструирана од надвор.

„Сакам јавно да ве известам дека ополномоштен адвокат, согласно Законот за слободен пристап до информации, ќе бара увид во сите документи од предметот за мојата имотна состојба кои вешто ги криете за да се утврди колку и како се пробиени законските рокови. Наведеново ми дава за право да се сомневам дека ја злоупотребувате вашата функција и вие лично го рушите угледот на членовите на ДКСК кои професионално и одговорно ја вршат и сакаат да ја извршуваат својата функција.. Со вашата неспособност, нестручно, неодговорно и спротивно на закон и деловник работење и однесување, само нанесувате штета на професионалниот и стручен тим на Државната комисија за спречување на корупцијата“, се вели во дописот од поранешниот претседател Иванов.

На овој допис, одговорија од ДКСК, од каде застанаа зад одлуките на својата претседателка, поконкретно за предметите кои ДКСК ги отворија за него, за време на неговиот се уште важечки втор мандат од претседателството.

„По повод јавно искажаните обвинувања и паушални наводи од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорѓе Иванов кон претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, државната комисија со индигнација и во целост ги отфрла истите.
Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција. Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори“, посочија од Антикорупциската емисија.

Слични содржини