148
Крилниот напаѓач Антони го напушта Манчестер Јунајтед, бидејќи е блиску до позајмица во – Бетис!
Оваа вест ја соопшти Фабрицио Романо, кој истакнува дека клубовите се во завршни преговори.
Наводно, Антони оди во Бетис на позајмица до крајот на сезоната, а шпанскиот клуб нема да има обврска да го откупи.
Aнтони е отворен за идејата да се пресели на југот на Шпанија, а Јунајтед е подготвен да покрие дел од неговата плата до крајот на позајмицата.
Бразилецот не е во плановите на Рубен Аморим, исто како што претходно не беше значаен ни за Ерик тен Хаг.
Оваа сезона одигра 13 натпревари, од кои само седум во Премиер лигата и доаѓа од клупата.
Тој постигна еден гол, а тоа беше во Лига купот, што секако не е доволно за играч вреден 95 милиони евра…