Антонио Бандерас бил итно хоспитализиран

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Шпанскиот актер Антонио Бандерас беше итно примен во британска болница минатата недела поради силни болки во градите, соопшти електронското издание на весникот “Сан”. Минатиот четврток 56-годишниот актер се почувствувал лошо за време на тренингот и бил однесен во болница во округот Сари.

По медицински преглед, Бандерас бил испратен на домашно лекување. Пред новинарите Бандерас им се заблагодари на лекарите и го нарече она што се случило изолиран случај.

Хозе Антонио Домингез Бандерас е актер, продуцент и режисер, добитник на наградата “Гоја” и на две Европски филмски награди. Има и три номинации за “Златен глобус”.