Мајкл Антонио, кој на почетокот на декември доживеа тешка сообраќајна несреќа, по страшната несреќа е отпуштен од болницата каде се опоравуваше од повредите. Искусниот напаѓач на Вест Хем сега е очигледно многу подобар, но се очекува да паузира околу една година додека не биде целосно подготвен да се врати во професионалниот фудбал.
„Секоја година околу ова време ме прашуваат за што сум благодарен и секоја година се мачам да ги најдам вистинските зборови. Но, оваа година точно знам за што сум благодарен – дека сум жив.
Поминав толку многу години земајќи го животот здраво за готово. Правев планови за следниот ден, следната година со вечната мисла дека утре е загарантирано будењето. Она низ што поминав во последно време ми ги отвори очите. Животот е кревок и секој момент е важен.
Благодарен сум на Бог што ми даде сила да продолжам понатаму и што ми дозволи да бидам тука“, напиша Мајкл Антонио во трогателната објава на Инстаграм.
34-годишниот напаѓач им се заблагодари и на лекарските тимови кои го лекуваа, на целата фудбалска јавност, на навивачите, на соиграчите во Вест Хем и на сите останати во лондонскиот клуб кои му дадоа поддршка во овој тежок момент за него.