Антонов: Русија не планира да напаѓа цивилни бродови во Црното Море

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Русија не планира да напаѓа цивилни бродови во Црното Море, и покрај тврдењата на САД, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.

Москва еден ден претходно соопшти дека сите бродови кои патуваат до украинските пристаништа ќе ги смета како потенцијални превозници на воен товар и учесници во војната на украинската страна.

Русија го објави тоа откако се откажа од договорот стар една година кој овозможуваше безбеден извоз на украинското жито што беше оневозможен поради војната.

Коментирајќи ја одлуката, Белата куќа соопшти дека Русија би можела да ги прошири своите напади врз украинските силоси и цивилниот транспорт во Црното Море.

Белата куќа денеска изрази „длабока загриженост“ за руските напади во тоа море.

„Длабоко сме загрижени за она што го гледаме во моментов во Црното Море“, рече портпаролката на Белата куќа Оливија Далтон, истакнувајќи дека руските напади врз пристанишните градови се во тек веќе три дена.

Слични содржини